Македонскиот репрезентативец во редовите на Палермо, Илија Несторовски продолжува да ги тресе мрежите ширум Италија. Попладнево тој со неговиот тим одигра 1-1 на гостувањето во Џенова кај Сампдорија.
Ова беше трет натпревар за Несторовски во кој постигнува гол во шампионатот на Италија. Иако Самдорија важеше за фаворит пред овој меч, токму Несторовски ги замене навивачите на домаќинот со гол и водство од 1-0 во 60. минута.
Македонецот одлично искористи една уфрлена топка во казнетиот простор на Сампа и рутински ја смести во мрежата во долните десен агол.
Сепак Палермо откако остана со играч помалку во 92 минута по ислучувањето на Гази не успеа да го издржи притисокот и прими го во последните мигови од мечот.
Sampdoria vs Palermo 0-1 Ilija Nestorovski Goal… by Babis_Mitkos
По победата на Јувентус во пладневниот термин, екипата на Наполи која важи за еден од главните фаворити за освојување на скудетото оваа година, се лизна на гостувањето во Бергамо против Аталанта. Домаќинот славеше минимално со 1-0 со голот на Петања во 9. минута.
На останатите два меча, Болоња загуби на домашен терен од Џенова со 0-1, а Калјари славеше над Кротоне со 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот