| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ги дознаете WI-FI лозинките на сите аеродроми во светот

Следниот пат кога ќе пристигнете на аеродромот во очајна потреба од бесплатна Wi­Fi конекција, не се плашете, овој човек има решение. Блогерот и компјутерски инженер, Анил Полат им направи на патниците во светот голема корист, со поставување на интерактивна мапа, која открива лозинки до бесплатен Wi­Fi на аеродромите ширум светот.

Полат поставил “WiFox“, една апликација, што користи “Google Maps“ за да се логирате на аеродромот и дневни Wi­Fi лозинки на аеродромот во реално време. Корисниците можат да додадат нови лозинки, кои се проверуваат пред да бидат вклучени на мапата.

Мапата го вклучува аеродромот и дневните локации на аеродромот, мрежа на имиња и лозинки, плус практични совети, како што е до која излезна капија да седат најблиску за најсилен сигнал. Таа, исто така ќе ви овозможи да дознаете дали Wi­Fi што го користите има рок и дали ќе можете да работите со неа. “Сите информации се проверуваат пред да бидат одобрени на мапата, плус може да се поднесат промени на лозинката како што ги откривате. WiFox исто така има едноставен систем за фидбек кој ви овозможува да ја потврдите работата на лозинките или дајте ми до знаење дека ви треба ажурирање.”­ пишува Полат на својот блог. Мапата може да се превземи за офлајн употреба и ќе се ажурира веднаш штом сте постигнале бесплатна Wi­Fi конекција. Досега околу 80 авиокомпании во светот се најавени за мапата, вклучувајќи го меѓународниот аеродром во Сиднеј за кој велат дека има силен сигнал близу до излезната капија 24.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top