| четврток, 6 декември 2018 |

Еден-два победа на Ред Бул, Хамилтон се откажа на 15 круга до крајот

Возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен во тековната сезона пишуваат нова лична историја во најбрзиот циркус во светот. Рикардо, кој во Монако ја освои својата премиерна пол-позиција во ф1, денес во Малезија го предводеше својот тим до првата „еден-два“ победа по долго време. Макс Верстапен го извлече максимумот од стратегијата со пит-стопот, па го освои второто место. Подиумот го дополни Нико Розберг кој и покрај казната од 10 секунди успеа да гоз задржи третото место на финишот.

„Малерзониот“ Луис Хамилтон ја заврши трката на 15 кругови до крај кога неговиот мотор имаше дефект и го остави крај патеката.

formula-1-malesija

Трката беше динамична со многу случувања и емоции и на крајот изненадувачки расплет. Бодови во Сепанг освоија и Раиконен, Ботас и Перез, а некогашниот светски шампион Фернандо Алонсо го освои седмото место.

Нико Розберг води во генералниот пласман со 288 бодови, но по оваа трка во Малезија со 23 поени предност пред актуелниот светски шампион Луис Хамилтон. До крајот на сезоната остануваат уште пет трки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top