Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на утрешната трка, која се вози на патеката Сепанг во Малезија.
Бранителот на титулата беше за 0,414 секунди побрз од својот клупски колега од Мерцедес и најголем ривал за шампионатот, Нико Розберг. На третата позиција заврши пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, а веднаш зад него ќе стартува неговиот колега, Даниел Рикардо.
Двата возачи на Ферари завршија еден зад друг, на петтата и шестата позиција. Хамилтон ќе има добра шанса да ја намали предноста од осум бода во генералниот пласман на Розберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Реакција од УНИЦЕФ: Четириесетгодишен маж се ожени со 10 годишно девојче
-
Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“ е завршена, ништо не е најдено, 239 луѓе се засекогаш исчезнати
-
Хамилтон го надмина легендарниот Шумахер: Стаса до 69-та пол-позиција
-
Валтери Ботас од пол-позицијата ќе ја стартува утрешната трка за ГН на Австрија