| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на киднапираната девојка: Му простив на монструмот и ќе го прегрнам! (видео)

Ненси Руиз, мајката на Џина ДеХесус, една од жртвите на монструмот од Кливленд, воедно и најдобрата другарка на неговата ќерка Арлен, му простила на киднаперот за она што и го направил на нејзината ќерка. Барем така вели во нејзината последна изјава. Пред само неколку дена, кога дознала дека нејзиното чедо е живо, но десет години малтретирано, таа извикувала „Убијте го!“. Но сега, неколку дена по пронаоѓањето на ќерка и, таа вели дека му простила на киднаперот. Дури и  би го прегрнала доколку се сретне со него.
kidnapiranite3
Мајката за за телевизиската мрежа „ABC“, вели:
-Би го прегрнала и би му рекла „Бог да те благослови!“. Не го мразам, му простив уште пред многу години. Постојано говорев, му простувам на оној кој го направи тоа, кој и да е, само да ја пушти мојата ќерка!“.

Ненси Руиз го познавала киднаперот Ариел Кастро неколку децении. Растеле во ист крај и честопати се сретнувале во соседството во Кливленд. Кастро не заборавал да ја праша ненси како го преживува исчезнувањето на нејзината ќерка.
kidnapiranite2

Џина ДеХесус е една од трите девојки кои беа спасени пред неколку денови, по еднодецениското заробеништво во куќата на монструмот Кастро. Џина била киднапирана во 2004 година, додека се враќала од училиште, а последната личност која што ја видела била ќерката на киднаперот, Арлин, која била и најдобра другарка на Џина.

kidnapiranite1

При враќањето во семејниот дом, Џина била пречекана од стотина воодушевени луѓе кои го прославиле нејзиното враќање со многу цвеќе, балони и убави пораки.

kidnapiranite

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top