Грчкиот репрезентативен центар Јанис Бурусис по пет сезони поминати надвор од Грција се врати во својата татковина и на изненадување на јавноста (претходно пет години настапуваше за Олимпијакос) потпиша договор со тимот на Панатинаикос. Бурусис бил пред портите на НБА лигата, но Панатинаикос му понудил повеќегодишен договор, кој искусниот центар не можел да го одбие.
– Бев на чекор од НБА лигата, но тогаш ми се случи Панатинаикос. НБА лигата беше мојата цел и точно го пронајдов она што го сакав. Но, на крајот не заминав во најсилната лига, бидејќи сакав подолг договор. Тоа ми го овозможи Панатинаикос – изјави Бурусис.
32-годишниот центар по пет сезони во Олимпијакос во 2011 година се пресели во Армани Џинс, а во 2013 година го облече дресот на Реал Мадрид и беше еден од најзаслужните за титулата од Евролигата во 2015 година. Претходната сезона настапуваше во тимот на Лаборал Куча и беше прогласен за МВП на шпанската Ендеса лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!