| четврток, 6 декември 2018 |

Не сакате да умрете? Побарајте го Ицков (видео)

Триесет и две годишниот Русин, Ицков, нема намера да умре, како што не планира ниту да ја доживее староста.  Ангажирал цел тим експерти кои за него треба да изработат роботско тело во кое ќе продолжи да живее. Според него целта на овој научен мега проект е да се создаде технологија која ќе овозможи личноста на еден човек да биде трансферирана во напредно вештачко тело во кое ќе биде бесмртен.

Не е сам во оваа игра. Добил благослов дури и од Далај Лама, а не е себичен се да чува за себе. Планира својата технологија да ја направи достапна за сите. Тој дури основал и политичка партија наречена „Еволуција 2045“ која пропагира основање на нова религија и создавање на нов општествен поредок бидејќи сите досегашни религии, како што кажал, се темелат на смртта и на задгробниот живот.

Единствениот проблем со неговата технологија, како што верува, ќе биде опасноста од хакирање во нечии софтвер, односно, мозок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top