| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку четири експлозии однесоа над 40 животи во Турција (видео)

Четириесетина мртви, над стотина повредени во екплозијата во Турција која одекна денеска околу 10 часот и триесет минути по локално време во Рејханли, на границата со Сирија. Експлодирале неколку автомобили – бомби. Според информациите одекнале најмалку четири експлозии, а причинета е и голема материјална штета на неколку згради. Тирскиот министер за внатрешни работи најави истрага, а спасувачите бараат преживеани под рушевините. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.

Илјадници бегалци од Сирија засолниште најдоа во пограничните градови во Турција, поради што се често на мета на бомбашите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top