| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Гасол почна да тренира, сепак Мемфис нема да ризикува

mark-gasol

Шпанскиот репрезентативен центар Марк Гасол по фрактура на ногата која ја доживеа минатата сезона, повторно е спремен за елитна кошарка. Раководството на Мемфис изготви специјална програма, како би го искористило брзото враќање во форма на центарот.

– Ќе има натпревари во кои нема да игра, но тоа не значи дека не му веруваме, туку само сакаме да го зачуваме и да не го форсираме премногу – рече новиот тренер Дејвид Физдел.

Марк Гасол не настапи за Шпанија на олимпискиот кошаркарски турнир во Рио, минатата сезона пред да се повреди, одигра 52 меча во кои имаше просек од 16.6 поени, 7,0 скокови, 3,8 асистенции, 1,3 блокади и 1,0 одземени топки за екипата на Мемфис Гризлис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top