Баерн Минхен одамна го заслужи трофејот во Бундеслигата, а новиот германски првак денеска и официјално го доби пехарот, пред своите навивачи на „Алијанц арената“, по победата од 3-0 над Аугсбург. На едно коло пред крајот на шампионатот, Баварците имаат 88 бода, дури 22 повеќе од ланскиот првак Борусија Дортмунд, екипа која ремизираше, 3-3, денеска против Волфсбург. Двете екипи од врвот на Бундеслигата ќе играат и во финалето на Лигата на шампионите, на 25. мај во Лондон.
Резултати, 33. коло: Баерн – Аугсбург 3-0, Волфсбург – Борусија Дортмунд 3-3, Фортуна – Нирнберг 1-2, Гројтер – Фрајбург 1-2, Хофенхајм – Хамбургер 1-4, Баер – Хановер 3-1, Мајнц – Борсуија Менхенгладбах 2-4, Шалке 04 – Штутгарт 1-2, Вердер – Ајнтрахт 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)