| четврток, 6 декември 2018 |

Невестата ја кителе со банкоти како елка – свадба за која зборува цела Словачка (видео)

Ева (19) и Лукаш (20), новопечна брачна двојка на Роми од Михаловце, град во источна Словачка стана вирален хит на „Јутуб“ благодарение на свадбата која ја направиле.

Веќе од првите кадри може да се види дека на ништо не се штедело, а посебно не на стилот на невестата – само круната која ја носела чинела повеќе од 3.500 евра.

svadba

По споменатата круна се ределе банкноти од 50 евра, а тоа е вистинска ситница во однос на тоа што го доби музиката. Музичарите што дошле од Велика Британија, гостите ги почестиле со банкноти од 100 и од 500 евра, невестата ја кителе како новогодишна елка. Словачките медиуми објавија дека бракот на Ева и Лукаш се славел од петок до понеделник со 80 гости, а свадбата била детално планирана со месеци и за неа се потрошени нешто помалку од 40.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top