| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ нема намера да признае пораз

 

Ненад Мирчевски

Ненад Мирчевски

 

Из­бор­ни­от по­раз на СДСМ на пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри е ве­ќе ап­сол­ви­ра­но пра­ша­ње за кое опо­зи­ци­ја­та не­ма ре­ше­ние. Ду­ри и опо­зи­ци­ски­те екс­пер­ти и ана­ли­ти­ча­ри­те по мал­ку сра­меж­ли­во, но, се­пак, јас­но по­твр­ди­ја де­ка ан­ке­ти­те по­ка­жу­ва­ат раз­ли­ка „мно­гу на мал­ку“ во при­лог на ВМРО-ДПМНЕ и приз­наа де­ка не ус­пе­а­ле да им ги сме­нат ста­во­ви­те на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни. Ди­ле­ма­та е да­ли За­ев ќе се по­ми­ри со по­ра­зот или ќе сто­ри сѐ за да ги пов­ле­че си­те со се­бе во ам­би­сот? Поз­на­вај­ќи го не­го­ви­от мен­та­лен склоп, не­го­ви­те мо­рал­ни и етич­ки прин­ци­пи, но и не­го­ви­от јав­но изра­зен по­рив за „ја­де­ње жи­ви лу­ѓе“, лес­но е да се од­го­во­ри во кој пра­вец ќе се дви­жи СДСМ до из­бо­ри­те и по нив.

Су­деј­ќи по ан­ке­ти­те што и са­ми­те опо­зи­ци­о­не­ри ги приз­на­ва­ат, на­ро­дот по кој знае кој пат пра­ќа ја­сен сиг­нал де­ка ни­ту за­бо­ра­ва, ни­ту про­сту­ва, ни­ту ве­ру­ва во сѐ што ќе му се сер­ви­ра пре­ку ме­ди­у­ми­те. Со си­те ми­ли­о­ни евра по­тро­ше­ни за про­па­ган­да, со си­те при­ти­со­ци, за­ка­ни, уце­ни, на­вре­ди кон не­и­сто­мис­ле­ни­ци­те, со си­те уда­ри врз еко­но­ми­ја­та, со си­те без­бед­нос­ни пре­диз­ви­ци, со се­та под­др­шка на „при­ја­те­ли­те од над­вор“, СДСМ и нив­ни­те ме­ди­ум­ски пер­ја­ни­ци не го по­ме­сти­ја ни за ми­ли­ме­тар јав­но­то мис­ле­ње во нив­на пол­за. По кој знае кој пат им да­ва­ат до зна­е­ње де­ка не ги сме­та­ат за из­бор до­сто­ен за вни­ма­ние.

Во ва­кви окол­но­сти, оче­ку­ва­ња­та за из­бор­ни­те ре­зул­та­ти и не би мо­же­ле да би­дат по­и­на­кви, осо­бе­но ако се има пред­вид де­ка из­бо­рот е све­ден на ед­на се­ри­оз­на из­бор­на про­гра­ма со сто­ти­ци раз­вој­ни про­е­кти и ед­на ан­ти­др­жав­на про­па­ган­да ко­ја ги за­гро­зу­ва те­ме­ли­те и са­мо­то по­сто­е­ње на оваа др­жа­ва.

По ни­за­та ка­та­стро­фал­ни по­те­зи на СЈО, ве­ќе на си­те (ду­ри и на спон­зо­ри­те) им е јас­но де­ка не­ма со­од­вет­на лич­ност/ин­сти­ту­ци­ја на ко­ја би ѝ се до­ве­ри­ло спро­ве­ду­ва­ње­то на ан­ти­ма­ке­дон­ско­то сце­на­рио. Вли­ја­ни­е­то на Со­ро­со­ви­те ме­ди­у­ми и но­ви­на­ри врз јав­но­ста е очај­но ма­ло, без раз­ли­ка на ми­ли­о­ни­те евра што „над­во­реш­ни­те при­ја­те­ли“ на За­ев ги исту­ра­ат врз нив за „пер­е­ње мо­зок“ на гра­ѓа­ни­те. Со­вет­ни­ци­те на За­ев кои про­да­ва­ат ска­па маг­ла, очиг­лед­но, не­ма­ат ма­гич­но стап­че за чо­век со не­го­ви­те ин­те­ле­кту­ал­ни спо­соб­но­сти. Ка­ти­ца по си­те обу­ки во странс­тво и ил­јад­ни­ци евра по­тро­ше­ни за со­вет­ни­ци, сѐ уште не на­у­чи во еден здив да ка­же „Пе­ро ја­де грав“. Ду­ри ни на на­ме­сте­но ин­терв­ју. „При­ја­те­ли­те од над­вор“ за­луд­но се бо­реа да им обез­бе­дат про­стор на ТВ-екра­ни­те мно­гу по­ве­ќе од тоа што ре­ал­но зас­лу­жу­ва­ат спо­ред она што има­ат да го по­ну­дат. До­ка­жаа де­ка мо­жат на си­ла да до­би­јат сѐ што ќе по­са­ка­ат на пре­го­ва­рач­ка ма­са, но не и да го на­те­ра­ат на­ро­дот да им ве­ру­ва во тоа што го збо­ру­ва­ат.

Се­кој нор­ма­лен по­ли­ти­чар ко­га ќе до­бие ва­кви вре­ли ша­ма­ри од на­ро­дот, ту­ка би за­ста­нал. Но, не и За­ев. Тој на­ме­сто да го приз­нае по­ра­зот и да се пов­ле­че, за­ед­но со не­го­ви­те со­јуз­ни­ци од пар­ти­ја­та, од СЈО, од опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми и од мре­жа­та на Со­рос под­го­тву­ва про­дол­же­ние на кри­за­та и на аго­ни­ја­та пре­ку из­бо­ри­те на 11 де­кем­ври.

Та­ка до­де­ка ВМРО-ДПМНЕ ра­бо­ти на ре­а­ли­за­ци­ја на ве­те­ни­те про­е­кти и на со­ста­ву­ва­ње но­ва про­гра­ма, За­ев го спро­ве­ду­ва ста­ри­от план кој пред­ви­ду­ва про­во­ци­ра­ње ин­ци­ден­ти што ќе до­ве­дат до ме­ѓу­ет­нич­ки или ин­те­рет­нич­ки су­ди­ри…

Отворањето на прашањето за двојазничност, повторното активирање на платеничката револуција за наводна одбрана на СЈО, претстојната расправа за буџетот во Собранието, инсистирањето за произнесување на Уставниот суд за СЈО се само дел од предвидените процеси и настани кои опозицијата е подготвена да ги искористи за предизвикување посериозни инциденти за што притоа вината ќе ја префрли на ВМРО-ДПМНЕ. Сето тоа би финиширало со медиумски напад преку соросовите платеници кои ќе обвинуваат за „нарушен изборен амбиент“ и ќе бараат од меѓународните фактори да се поништат изборите, односно вољата на граѓаните.

Пис­мо­то до ам­ба­са­до­ри­те е са­мо уште еден ар­гу­мент плус што по­твр­ду­ва де­ка За­ев ќе сто­ри сѐ до 11 де­кем­ври за да ги ос­по­ри из­бор­ни­те ре­зул­та­ти, за да мо­же да ја одр­жи кри­за­та во жи­вот и од­но­во да ја вра­ти др­жа­ва­та во 2014 го­ди­на. Оста­ну­ва да ви­ди­ме да­ли ВМРО-ДПМНЕ и гра­ѓа­ни­те по трет пат ќе им доз­во­лат да се изв­ле­чат и ќе ги оста­ват до не­дог­лед да си по­и­гру­ва­ат со суд­би­на­та на др­жа­ва­та.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top