| четврток, 6 декември 2018 |

Ибракадабра стрелец за седум клуба во европските натпреварувања (видео)

zlatan-ibrahimovic

Златан Ибрахимовиќ ја прекина својата серија од четири средби без постигнат гол, откако токму неговиот погодок се покажа како победнички на дуелот од Лигата на Европа против украинскиот состав Зорија. Воедно, овој погодок претставува израмнување на рекордот што досега го држеа Џон Кару и Адријан Муту, кои постигнале погодоци во европските купови за седум различни екипи.

Како што е веќе добро познато, Ибракадабра ја лансираше својата фантастична кариера во дресот на Ајакс (првиот европски гол го постигна пред 15 години), по што Швеѓанецот постигнуваше голови во Европа и како член на Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и сега Манчестер јунајтед. За жал, фудбалер со такво реноме кој играл за огромен број европски гиганти во кариерата барем досега не освои ниту еден трофеј во европските купови. Најуспешна европска сезона на Златан е 2012/2013, кога шведскиот ас во дресот на ПСЖ постигна дури десет погодоци.

Следен предизвик за Ибрахимовиќ е да стигне до бројката од 400 голови на клупски план во кариерата. Моментно тој има постигнато 398 голови за сите екипи за кои настапувал, а до јубилејот би можел да стигне веќе в недела, на домашниот натпревар против екипата на Стоук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top