| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен конкурсот за државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Министерството за култура на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) го објави Конкурсот за државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ кој ќе трае од 1-ви до 31 октомври.

Со наградата се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството и во една година може да се доделат најмногу две награди.

Jа доделува Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.

Оваа државна награда се врачува во Собранието на Република Македонија на 21 декември на денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.

Наградата првпат е доделена во 1969 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top