| четврток, 6 декември 2018 |

„Хитлер уби три милиони Евреи, јас ќе уништам толку наркомани“

Филипинскиот лидер Родриго Дутерте ја засили крвавата антикриминална реторика споредувајќи го масакрот на Хитлер врз Евреите со својата амбиција која би го „усреќила“.

Тој изјави дека би бил среќен ако успее да уништи три милиони зависници од наркотици.

Дутерте ова го изјави по враќањето од Виетнам, каде што разговараше со тамошните лидери за начините на борбата против наркотиците, пренесува АП.

– Хитлер уби три милиони Евреи, а ние имаме три милиони наркомани. Би бил среќен ако сите ги убијам – изјави Дутерте, повикувајќи се на проценката на филипинската влада за бројот на препродавачи и уживатели на наркотици на Филипините.

Дутерте вели дека неговите јавни закани за смрт служат за да ги уплашат дилерите на дрога и да ги натераат да престанат да се занимаваат со тоа, како и да ги обесхрабат потенцијалните корисници.

Во својата предизборна кампања тој вети дека ќе убие толку дилери и корисници на дрога и со тоа ќе може да ги нахрани сите риби на брегот на Манила.

– Ќе ги убијам со бесење, не сакам да трошам струја на нив – пренесува АП.

Жртвите на Хитлер беа невини луѓе, а Дутерте тврди дека негова цел е да ја излечни својата земја со убивање на криминалците, пренесува АП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top