Благодарение на најголемата ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ, англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед забележа минимална победа од 1:0 над украинскиот преставник Зорја, и ги освои првите три бода во годинашното издание од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.
Нов пораз, но сега на гостувањето во Чешка, доживеа италијанскиот калчо гигант Интер. Избраниците на Франк де Бур одиграа уште еден очаен натпревар и сосема заслужено беа поразени со 3:1.
Резултати:
Група А: Фенербахче – Феенорд 1-0, Манчестер ј. – Зорја 1-0.
Група Б: Астана – Јанг Бојс 0-0, Олимпијакос – АПОЕЛ 0-1
Група Ц: Габала – Мајнц 2-3, Сент Етјен – Андерлехт 1-1
Група Д: Дандалк – Макаби Тел Авив 1-0, Зенит – АЗ Алкмар 5-0
Група Е: Австрија Виена Плзен 0-0, Рома – Астра 4-0
Група Ф: Атлетик Билбао – Рапид Виена 1-0, Генк – Сасуоло 3-1.
Група Г: Ајакс – Стандард Лиеж 1-0, Селта Виго – Панатинаикос 2-0
Група Х: Шахтјор Доњецк – Брага 2-0, Гент – Коњаспор 2-0
Група И: Кубан Краснодар – Ница 5-2, Шалке – Салцбург 3-1
Група Ј: Фиорентина – Карагах 5-1, Либерец – ПАОК 1-2
Група К: Спарта Прага – Интер 3-1, Хапоел Бер Шева – Саутемптон 0-0
Група Л: Цирих – Османлиспор 2-1, Стеауа – Вилјареал 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.