Австриската полиција уапси 21-годишен возач кој се обиде денеска да прегази луѓе на пешачка патека во Виена, извикувајќи “Алах е голем!”, пренесе ТАСС, повикувајќи се на соопштение на австриското Министерство за внатрешни работи.
По сигнал, поднесен од очевидци, на место биле испратени полицајци и борци од специјалниот одред за брза реакција. Тие го задржале младиот маж, кој бил виенчанин од турско потекло.
-Тој возел токму спроти пешаците, намерно- кажаа претставниците на полицијата и додале дека мажот извикувал исламистички слогани и за време на неговото апсење.
Засега против уапсениот е започната истрага поради сомневање за намерно предизвикување на телесни повреди, но не се исклучени и религиозни мотиви за неговите активности, дополнуваат од полицијата. Уапсениот е испрашуван.
Нема повредени во инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
“Чоколадни капки “ – самостојна изложба на Ѓорѓе Јовановиќ во галеријата Hoast во Виена
-
„Исцелител“ во Виена прогласен за најдобар дебитантски филм во Југоисточна Европа
-
„Исцелител“ на Меѓународниот филмски фестивал во Виена
-
Ќерката ја давел со кабел, сопругата ја избодел до смрт, па си пресудил себе си – крвава Нова година!