| четврток, 6 декември 2018 |

Ми беше полесно да најдам дрога отколку леб

Филипинскиот боксер Мани Пакјао, испиша многу страници на модерниот бокс. Имаше многу успеси во кариерата, но неговото детство воопшто не било лесно. Легендарниот боксер одамна е во политичките води, а сега се бори и против дрогата.

-Ја подржувам борабата на претседателот Родриго Дутеен. Вистина е дека луѓето страдаат во престрелки, но дрогата е ужасна работа.  Сум ги пробал сите видови дрога во младоста. Бевме сиромашни, немавме што да јадеме, а дрогата беше лесно достапна. Секогаш можев да набавам дрога. Пртседателот го знам веќе 20 – години, а тој сега дозна дека сум земал наркотици, изјави Пакјао.

Боксерот ја поддржа борбата и покрај тоа што досега на Филипини загинаа 3.000 луѓе. Убиени се дилери и зависници…

-Во нашата земја луѓето мора да научат да ги почитуваат законите. Претседателот ме поддржа мене како млад боксер, а сега јас на него му давам поддршка да истрае во борбата протв дилерите и производителите на наркотици, заврши Пакјао.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top