Индија е втора најнаселена земја во светот, но и држава во која има многу сиромашни. Со други зборови, идеален пазар за продажба на евтини производи.
За разлика од Кина, каде во транспортот доминираат велосипеди, основно превозно средство во Индија се мопедите и мали мотоцикли. Тоа и овозможи на индиската компанија Бајај да стане најголем светски произведувач на мотоцикли со дури четири милиони единици годишно.
Бајај реши на Индијците да им понуди најевтин светски автомобил кој на матичниот пазар се продава под ознаката RE60, додека верзиите наменети за извоз го носат името Qute.
Поради спартанската опрема некои Bajaj Qute го класифицираат како „четирцикл“ но таквата оценка е претерана. Qute е вистински автомобил со должина од 2752мм кој и покрај ширината од 1312мм, нуди простор за сместување на четири лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.