Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, на 29 септември (четврток), со почеток во 20 часот, Македонската опера и балет ќе гостува со камерната комична оперска претстава „Рита“ од Гаетано Доницети. Истата претстава на 30 септември, во 20 часот, ќе се изведе и во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
„Рита“ е приказна за младата и убава девојка Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања, со комичен, но среќен завршеток. Настапува млада солистичка екипа, која ја сочинуваат: Полина Тасева, како Рита, Јане Дунимаглоски, Невен Силјановски и Борко Биџовски. Режисер е Трајко Јордановски, а диригент Ѓурѓица Дашиќ.
Изведбите на претставата се со хуманитарен карактер и средствата ќе бидат наменети за поплавените подрачја во Скопско, известија од МОБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.