Црниот ким е древна лековита билка, чиишто чудотворни својства луѓето ги ценат и денес. Наводно лечкува и рак, така што директно ги напаѓа неговите клетки и ги уништува.
Кимот е по потекло од југозападна Азија. Семките на оваа билка се користат повеќе од 2.000 години во медицината, а можат да се најдат и во облик на масло. Познати се и по своите афродизијачки својства.
Црниот ким лекува широк спектар на тегови: ослабен црн дроб, мигрена, разни воспаленија, ја намалува температурата, бактериски и вирусни инфекции, го намалува шеќерот во крвта, ги регулира хормоните, лекува бронхитис, помага кај грипот, го засилува имунитетот, помага кај кожените заболувања, ја подобрува циркулацијата, помага кај ревма и склероза, ги ублажува симптомите кај алергиите и многу друго. Наводно, лекува и рак, така што директно ги напаѓа неговите ќелии и ги уништува.
Резултатите на црниот ким лекарите ги проучувале стотици пати и сите се сложуваат дека е чудотворен, една од најефективните лековити билки. Семки од црн ким биле пронајдени и во гробницата на фараонот Тутанкамон, а таму сигурно не завршиле случајно. Лековитоста на црниот ким се споменува и во Библијата и Куранот. Мухамед велел: „Црниот ким лекува сè освен смрт”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.