Во изминативе неколку дена полициски службеници од различни организации при македонското и српското министерство за внатрешни работи реализираа заеднички вежбовни активности и на македонска и на српска територија под име “константно гонење“. Заедничката акција беше во согласност со Конвенцијата за полициска соработка во југоисточна Европа, а нејзина цел беше координирањето на оперативните активности на двете полицииските служби на двете министерства при бегство на извршители на кривични дела од едната на другата територија.
Според сценариото на вежбата во ситуација на грабеж активностите беа насочени кон гонење на сторителите. Притоа во првиот дел претпоставениот грабеж беше извршен на македонска територија пришто следеше лоцирање на сторителите нивно следење од македонски полициски службеници во тесна соработна и со граничната полиција, потоа продолжување на гонењето и на српска територија каде што во координирана акција се вклучуваат и српски полициски службеници и сторителите се фаќаат. Истите активности беа изведени и во спротивна насока односно во ситуација кога грабежот е извршен на српска територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.