За Борјан Јовановски не е никаков проблем ако во Валандово има двајца Албанци, па истите да добиваат административни услуги на албански јазик . Факт кој сам по себе ја руши унитарноста на државата, која е уставно загарантирана:
–Значи, ова што го велите како однос, како почит, значи, репсект кон другиот, кон некој со кого го делиш општеството во кое живееш, заедно со векови сте тука. Во тоа смисла апсолутно ја подржувам интенцијата, да на пример, како Албанец било каде, кога ќе се обратите во институција во Валандово, можете да добиете на албански или да се обратите на албански. Е сега, тој што работи таму не знае албански, така!? Во еден процес, во подолго време тоа не можеш да го произведеш просто преку ноќ, но за почеток треба да не е проблем ако има двајца Албанци во Валандово, ако побараат на албански, се што им треба да го добиваат на албански, рече Јовановски.
Имено токму во емисијата на Јовановски, Зоран Заев јавно ги изнесе и уште еднаш потврди своите ставови за двојазичност на Р.Македонија.
„Зборував за употребата на албанскиот јазик, не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94 посто Македонци. Значи една работа да се знае. Прагмата во Македонија мора да биде следена. Не губам јас ништо како Македонец, ни па граѓанинот на Штип на Скопје кој што е од македонскиот етнички корпус на граѓани. Сега му е мајката, да дефинираме каква земја ќе градиме во иднина. Ќе живееме по табуата“, рече Заев во емисијата на Јовановски на неговиот портал.
По ваквата изјава на Заев кај Јовановски следеше уште една изјава во Прилеп, кога Заев изјави:
„Во Прилеп тој што учи албански јазик иако е мал многу процентот, може да добие право да учи музичко училиште реков на албански јазик, да напише барање на албански јазик“.
Ваквите изјави кои во континуитет ги дава лидерот на СДСМ, сега се подржани и од медиумските перјаници на СДСМ, финансирани од Сорос, како Борјан Јовановски.
На ваквите намери на СДСМ и Сорос да ја поткопаат државата и нејзината унитарност, со цел воведување на двојазичност на целата територија на Македонија, која би била прв чекор за федерализација, жестоко одговори ГДОМ, кои во една од своите трибини која се одржа во Прилеп на 18 Септември, презентираше краток документарен филм, кој го објавија и на нивната фан страна на социјалната мрежа фејсбук, потсетувајќи како токму СДСМ е таа која постојано без престан во сите 25 години независност ја поткопува македонската држава и го доведува нејзиното постоење под знак прашалник.
Ваквите изјави кои секојдневно ги слушаме од страна на СДСМ и нивните перјаници – добро платени „новинари“ во медиумите на Сорос, кои во обид да добијат албански гласачи на следните избори ја поткопуваат македонската државност наиде на осуди на Македонците во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)