Демонстрациите кои ги организирало друштвото за права на животните „269 лајф Франс“ се одржале на Тргот на Републиката во Париз со цел да укажат на суровиот третман на животните.
Снимката од протестот прикажува жена која се жигосала носејќи тежок синџир околу вратот, Замачкана со вештачка крв, подозна на РТ Франс вели: „Ја донесов оваа одлука затоа што и животните ја минуваат оваа ужасна процедура пред да ги убијат. Ова е мојот начин да се солидаризирам“.
„Болно е, но тоа не е ништо во споредба со она низ што секојдневно минуваат живтните – жигосување, кинење на роговите, кастрација“.
Демонстрантите лежеле полуголи на плоштадот, намалкани со вештачка крв и спакувани во пласттична фолија, како месо во супермаркет.
Од здружението велат дека сакале да ја искажат суровоста на индустријата за месо и да им порачаат на месојадците дека „јадат трупови“.
Организацијата има ограноци во целиот свет и бара „ослободување на животните“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.