| четврток, 6 декември 2018 |

Се реновираат сцената и соблекувалните во Домот на културата во Кавадарци

dom-na-kultura-kavadarci

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов денеска изврши увид на работите за реновирање на сцената и соблекувалните во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во градот и најави дополнително опремување во културната установа.

Реконструкцијата се очекува да заврши за еден месец, а вкупната инвестиција чини околу триесет илјади евра.

– По неколкуте инвестиции во изминатите години, овде завршуваме со инфраструктурните вложувања. Ова всушност значи заокружување на реконструкцијата и доведување на домот во добра кондиција. Претходно инвестиравме во столчиња, тоалети, 3Д кино, изјави Панов.

Директорот Домот на културата „Иван Мазов-Климе”  Владимир Темков заблагодарувајќи се за вложувањето, истакна дека Кавадарци ќе има еден од поубавите домови на култура во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top