| четврток, 6 декември 2018 |

Мухамед Ала Алџалел, човекот кој остана во Алепо за да се грижи за напуштените животни (Видео)

Милиони луѓе ги напуштија домовите во Сирија, но што се случува со нивните миленици? Мухамед Ала Алџалел е познат како „мачкарот од Алепо“, тој се грижи за напуштените миленици оставени од нивните сопственици кои се пребегани поради граѓанската војна во Сирија.

img-294281

БИ- БИ – СИ направи репортажа за него во која Мухамед објаснува како се случило тој да остане во Алепо и да се грижи за стотици миленици. Пред војната бил електричар, но сега е возач на возило за брза помош, спасувајќи луѓе кои се повредени и на кои им е потребна помош.

Тој исто така се грижи за напуштени миленичиња, во 2011 година биле 20 мачки, а година подоцна повеќе од 100. Иако повеќето негови пријатели избегале од земјата, тој вели дека никогаш нема да ги напушти мачките.

-Оној кој има милост во срцето за луѓе, има милост и за секое живо суштество, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top