Во кинескиот град Гвангжу се родило дете со анофталмија, ретко и бизарно пореметување на недостиг на очи. Ова пореметување се случува во еден во 100.000 случаи.
Мајката на детето, Ли Пејхуа, била скршена кога лекарите ѝ кажале дека нејзиниот син нема очно ткиво, поради што никогаш нема да може да гледа. Ли се породила на 20. септември, по што се состанала со голем број на специјалисти кои ја истражуваат состојбата во која се наоѓа нејзиното дете, пренесува Дејли меил.
Семејството на Ли Пејхуа за кинеските медиуми рекло дека таа одела на сите потребни прегледи во текот на бременоста, на кои не била установена ниедна аномалија. Сепак, анофталмијата е невозможно да се воочи со помош на конвенционални тестови и ултразвук.
-Тој е ист како и другите деца. Плаче, бара млеко, понекогаш и се смее. Срцето ми се крши кога ќе помислам дека никогаш нема да може да ме види, рекла Ли, но додала дека е подготвена да жртвува сè за да му овозможи на својот син да мине сите препреки во животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)