| четврток, 6 декември 2018 |

Проверете дали може да ги јадете јајцата со поминат рок

Кога купуваме храна се ослонуваме на рокот на траење прикажан на пакувањето, но овие датуми најчесто се произволни. За да препознаеме колку свежо е јајцето купено од маркет помага мал трик за кој се потребни неколку секунди.

Јајцето е една од ретките намирници чија старост е тешко да се препознае бидејќи неговата содржина изгледа непроменета и по истекот на рокот на траење. Како би ја утврдиле неговата свежина помага овој многу едноставен трик. Потребни ви се неколку секунди, проѕирен стаклен сад и обична вода.

Постапка:
Ставете вода до половина во садот и во неа ставете ги јајцата.

Јајцето е најсвежо кога штом го ставите во садот потоне на самото дно и остане да лежи неподвижно.
Седум дена старо јајце чиј рок се уште не е поминат, во садот со вода се балансира на средина со својата тежина и лесно се подигнува од дното на садот.

Ако јајцето во целост е опасно за конзумирање, тоа откако ќе го ставите во садот со вода, моментално се подигнува од дното и стои на површината на водата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top