Младинскиот тим на Вардар доживеа убедлив пораз од Салцбург на првиот натпревар во рамките од младинската Лига на шампиони. На дуелот кој се играше во Гродиг, Австријците беа далеку подоминатни од младите „црвено-црни“ момчиња, и заслужено победија и веќе можат да се подготвуваат зо следната фаза и покрај тоа што има реванш на 19 октомври во Скопје.
По два гола за домашниот тим постигнаа интернационалците: Амадоу Хаидара (Мали) во 21 и 33. минута и Мергим Бериша (Албанија) во 43 и 88.минута, додека петтиот гол го постигна капитенот Ксавер Шлагер во 66. минута.
Салцбург дојдоа во водство во 21. минута преку Хаидара, а истиот фудбалер во 33. минута стрелаше за зголемување на резултатот на 2:0. Бериша пред крајот на полувремето погоди и за 3:0.
Во вториот дел убава прилика за Вардар преку Петковски кој излезе сам пред голот, но противничкиот голман успеа да одбрани. Салцбург уште повеќе притисна, имаше две убави шанси, а потоа дојде и четвртиот гол. Шлагер по асистенција на Бериша погоди за 4:0 во тие мигови. До крајот на мечот австријците со уште неколку закани, но и неколку добри интервенции на голманот Трајчевски кој што спасуваше уште поубедлив пораз по двете прилики во 80 и 84 миунта. Меѓутоа пред самиот крај и петти гол во мрежата на Вардар преку Бериша, негов втор на мечот со што тоа беше и конечниот резултат.
Ова беше прв настап на Вардар во Младинската лига на шампиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“