– Дел од метеорот кој го пронадов на Водно тежи околу 300 грама, а неговата големина е од 12 до 6 сантиметри. Не е познато кога паднал, можеби пред 10-15 години, а можеби и пред 20.000 или 100.000 години вели Ване Шиндов.
Во светот постојат „ловци на метеорите“. Тоа се луѓе на кои единствена работа им е пронаоѓање на отфрлени небесни тела, на чија продажба подоцна можат многу да заработат. Еден таков метеор го поседува и Ване Шиндов, пензионер од Сопиште, но ни на крај памет не му паѓа да го продаде. Тој бил спремен својот метеорит, да го подари на некоја научна институција, но ни една од нив не била заинтересирана.
-Метеоритот го пронајдов сосема случајно, шетајќи по Водно над Сопиште каде живеам. На една од патеките забележав нешто што многу личи на камен. Бидејќи добро знам како изгледа метеорит, што го пронајдов знаев дека во раката држам дел од распрснато небесно тело. Во тоа се уверив кога се вратив дома и му доближив магнет, за кој самиот се залепи. На планината Водно нема лежиште на железна и друга руда, па тогаш останав и повеќе од убеден дека се работи за метеорит. На водно можат да се најдат парчиња од гранати останати од војните, но тоа што јас го пронајдов не личи на ништо такво, вели Шиндов.
Експертите објаснуваат дека метеоритот по правила нема остри агли, ниту дупчиња, туку кога околу себе која настанала при атмосферата, и која реагира на магнетно поле, баш како и небесното тело кое го пронајде Шиндов.
На местото кое е пронајден „испливал“ благодарејќи на булдожер кој во тоа место на брдото го рамнел теренот за градење на една семејна куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.