| четврток, 6 декември 2018 |

Судење како на филм: Педофил го напаѓа обвинителот со нож во глава (Видео)

Џошуа Хардинг (35) за време на судењето за полов напад врз девојче го нападнал обвинителот. Во инцидентот кој се случил во Мичиген обвинителот бил нападнат од педофилот со импровизиран нож, кој Хардинг се обидел да го забие во неговата глава. Ножот го криел во ракав.

pedofil-napaga

За среќа, човекот во последен момент успеа да се тргне настрана и напаѓачот го промаши, по што полицајците го турнаа на подот, каде по неколку минути конечно успеаја да го совладаат.

Хардинг на гробишта сексуално злоупотребил 10-годишно девојче. Неодамна беше осуден за напад врз девојчето поради што му е изречена казна затвор во времетраење од 19 до 38 години.

Поради нападот врз обвинителот кој се случил на почетокот од август годинава, Хардинг не присуствувал во судницата, туку бил сместен во посебна просторија надвор од неа.

Поради нападот, бил дополнително осуден и за тероризам и обид за убиство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top