Американските граѓани синоќа беа пред своите телевизиски екрани, бидејќи се одржа најголемата дебата на сите времиња, помеѓу Хилари Клинтон од Демократската партија и Републиканецот Доналд Трамп.
Според анкетите на светските медиуми, Хилари е победник на првата телевизиска дебата на двајцата најсериозни кандидати за претседател на САД.
Во анкетата на Си Ен Ен, 62 отсто од анкетираните ја посочиле Клинтон за победник, додека 27 проценти сметаат дека Доналд Трамп е подобар.
Дебатата изобилуваше со навреди и главно беше концентирирана на нивните слабости. Клинтон го обвини Трамп дека политичката кариера ја почнал користејќи „расистичка лага“ дека претседателот Обама не е Американец, по што Трамп ги набројуваше работите за кои таа е виновна.
Двата клучни недостатока на двајцата кандидати, скандалот со мејловите и избегнувањето данок, се корристеа како средства за напад или одбрана.
И последниот сомнеж во здравствената состојба на Клинтон, која колабира за време на една трибина беше неизбежна тема во дебатата.
Инаку по првата од 3-те ТВ дебати помеѓу Клинтон и Трамп до изборите на 8. ноември, на интернет обложувалниците се зголемија шансите Клинтон да ја освои Белата куќа. Засега анкетите покажуваат мртва трка помеѓу двајцата претседателски кандидати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)