| четврток, 6 декември 2018 |

Пропадна повикот за ски-патека на Водно

zicara

Ниту една фирма не се пријавила на повикот за изградба на ски-патека на Водно. Тој беше објавен во јануари годинава, а од Градот допрва ќе решат дали ќе распишат нов.

Ски-патеката е идеја на градоначалникот Коце Трајановски, но наиде на многу негодувања кај опозицијата во Советот на Скопје, а реагираа и од „зелената“ партија ДОМ. Генерално, проектот беше оценет како неодржлив од стручната јавност, која се противеше, пред се поради малкуте снежни денови во годината. Реакции имаше и поради намерата да се уништи зеленило за реализација на патеката, која е планирана од крстот кон Нерези.

Но решен да оди докрај, Градот и плати околу 165.000 евра за студија на австриската фирма „Суфаг спорт“, а потоа се одлучи да побара инвеститор. Компанијата што ќе понуди најповолни услови ќе добие под концесија земјиште во околината на врвот на Водно, за период од 25 години.

Ако повикот се повтори и се избере инвеститор, негова обврска ќе биде да изгради четири скијачки патеки, три лифта, објект за администрација, ски-школа и друго. Притоа 1 отсто од годишниот приход ќе завршува во градска каса.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top