| четврток, 6 декември 2018 |

„Кралевите“ исправени пред „жолтиот ѕид“, Јувентус го раздвижува Загреб

real-i-borusija

Денеска на програмата е второто коло од најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите. Од денешните натпревари во групите Е, Ф, Г и Х најголемо внимание привлекува дуелот на „Сигнал Идуна Парк“, каде што Борусија Дортмунд ќе го пречека Реал Мадрид. Бранителот на титулата ќе има тешка задача да се спротистави на екипата на Томас Тухел, која игра како во транс во последните неколку недели. Секако, поддршката од „жолтиот ѕид“ ќе биде дополнителна мотивација за „милионерите“.

Реал Мадрид на последните два натпревари одигра разочарувачки, со два нерешени резултати во Примера, додека екипата од Дортмунд се наоѓа во одлична форма, постигнувајќи 20 гола на последните четири натпревари. Овие екипи досега се сретнале 10 пати, а мадриѓани ја имаат предноста со четири победи и три порази. Традицијата вели дека шпанската екипа не игра добро на гостувањата во Германија, па победиле на само четири од вкупно 29 натпревари. Сепак, формата во Лигата на Шампионите ќе биде во корист на екипата на Зидан, која не знае за пораз во последните 19 натпревари.

kristijano-ronaldo

Покрај овој дуел, на балканските простори особено во Загреб вниманието го привлекува и дуелот меѓу Динамо Загреб и шампионото на Италија, Јувентус. Главниот град на Хрватска е раздвижен како никогаш досега во последните десетина години. Управата на клубот по најавите од Италија дека 2.000 верни навивачи на „старата дама“ ќе пристигнат во Загреб одлучи да ги пушти сите трибини во употреба, а и популарните „Бед Блу Бојс“ најавија свое присуство. Квалитетот и искуството е на страната на Јувентус, но домаќините се очекува скапо ќе ја продадат својата кожа.

Во останатите шест дуели англискиот шампион, Лестер го пречекува Порто, Баер Леверкузен гостува во Монако, додека Олимпик Лион ќе се обиде да стигне до некој бод од гостувањето во Андалузија, кај Севилја. Во помалку атрактивните натпревари, ЦСКА во Москва ќе го пречека Тотенхем, Спортинг на домашен терен ќе игра против полска Легија, а Клуб Бриж ќе му гостува на Копенхаген.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top