| четврток, 6 декември 2018 |

Кој објавува прислушувани разговори ако Заев ѝ ги предал сите на Катица?

Неколку стотици фајла со нелегално прислушувани разговори претежно на функционери на владејачката ДУИ повторно се ставени на социјални мрежи каде што може да ги слушаат сите заинтересирани лица.

„На снимките може да се слушнат разговори меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери, меѓу Џафери и пратеничката Ермира Мехмети, меѓу Муса Џафери и извесен Kорошевиќ итн. Очигледно целната група и на овие нелегални снимки пуштени во јавноста се високите функционери на ДУИ, вклучително и на лидерот на партијата“, пишува Дневник.

Од ДУИ за весникот велат дека ова е уште една потврда дека е компромитиран целиот процес и ги повикаа институциите СЈО, ЈО, МВР, Дирекцијата за заштита на личните податоци да си ја вршат работата.

„Неофицијално и најновите снимки се врзуваат со Захир Беќири-Чаушот, кој беше уапсен за случајот „Фабрика за афери“ и за косовското подземје. Освен снимките со нелегално прислушуваните разговори, објавени се и принтскринови. Засега нема информации дали станува збор за фајловите што лидерот на СДСМ, Зоран Заев тврдеше дека ѝ ги предал на специјалната обвинителка Kатица Јанева“, пишува весникот.

ali-dnevnik

Порталот Прес 24, пак пишува дека откако вчера медиумите објавија дека разговорите можат да се најдат на извесна страница на Фејсбук, денеска мрежата се шири, па разаговори има на уште една страница на Фејсбук.

„Од достапните податоци на страницата, може да се види дека е направена пред 5 дена и има само 233 следбеници. Единствено што објавува се незаконски прислушувани разговори за кои тврди дека се од функционерите на ДУИ. Кој стои зад овие страници и како овие разговори пристигнале во рацете на овие луѓе најверојатно ќе покаже истрагата. Лидерот на ДУИ побара најостри казни за оние кои ги објавуваат незаконски стекнатите разговори“, пишува порталот.

Се уште нема официјална потврда дали снимките се дел од пакетот со кој располагаше Заев. Полицијата при приведувањето на Чауш во неговиот фолдер именуван „СДСМ Заев“ пронајде околу 70.000 разговори. Беше пронајден и хард диск на кој исто така имаше незаконски прислушувани разговори. Тогаш медиумите објавија дека разговорите им се нуделе на лица од косовското подземје, а со нив се тргувало и во Србија преку еден македонски новинар.

razgovori-dui

За ова, според информациите кои тогаш ги објави Дневник, истрагата имала и докази во пресретнатата комуникација меѓу осомничените кои тогаш беа приведени во акцијата „Фабрика за афери на СДСМ“.

Дел од разговорите веќе се најдоа на некои косовски медиуми, што само дополнително го потврдува сомнежот дека станува збор за снимки кои до медиумите стигнале преку косовските структури со кои соработувал Чауш.

Од друга страна, СДСМ не крие дека лицето Захир Бекири Чауш е дел од нивната партиска структура.

zaev caus

Откако првично негираше дека го познава, фотографијата од канцеларијата на Бихаќка го натера лидерот на СДСМ Зоран Заев да признае дека ја лажел јавноста и дека одржувал блиски средби со Чаушот.

 

И генералниот секретар на СДСМ и технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски имал блиски релации со Чаушот, што го потврдуваат и серија фотографии кои Чауш ги споделувал на социјалните мрежи.

Медиумите ги открија линковите на Захир Бекири – Чауш со криминалци надвор од границите на Република Македонија, а неговите фотографии со раководството на СДСМ и доказите за криминалот што го правел по партиска наредба станаа видливи за сите граѓани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top