| четврток, 6 декември 2018 |

„Икеа“ во Белград има потреба од 50 работници

„Икеа“ гради нова продавница на Балканот, поточно во Белград. Отворањето на првиот салон на шведската компанија во Србија е планирано за следното лето. Изградбата на објектот почна во април.

Денеска компанијата го објави нејзиниот прв оглас за вработување на 50 работници во трговската куќа. На нивната адреса досега пристигнале 7.200 пријави.

Најголемиот број на пријави доаѓаат од жителите на Белград, но една пријава била испратена и од Македонија.

Во „Икеа“ очекуваат дека највисокиот интерес за работа во нивната компанија ќе биде на почетокот на годината кога ќе биде распишан конкурс за уште 200 работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top