| четврток, 6 декември 2018 |

Пол Пирс најави, ова е последна сезона

pol-pogba

Крилото на Лос Анџелес Клиперс, Пол Пирс најави дека сезонава што следи ќе биде последна во неговата кариера, со оглед на тоа што планира да се пензионира.

За 38-годишниот ветеран тоа ќе биде 19. сезона во професионалната кариера во НБА лигата, во која 15 години играше за Бостон Селтикс, од 1998 до 2013 година, како и за Бруклин Нетс, Вашингтон Визардс, додека во ЛА Клиперс е од минатата сезона.

Пирс со Бостон ја освои НБА титулата во 2008 година, во тим заедно со легендарните Кевин Гарнет и Реј Ален. Десет пати беше учесник на „Ол-стар“ настаните, а на листата на најдобри стрелци во историјата на НБА лигата го зазема 16. место. Врвот на кариерата го достигна во 2008 година, кога беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија од плеј-офот против Лос Анџелес Клиперс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top