| четврток, 6 декември 2018 |

Теодосиќ: Време е за НБА, среќен сум што ќе играм за ЛА Клиперс

Еден од најдобрите европски плејмејкери, Милош Теодосиќ, својата кариера ќе ја продолжи во најсилната кошаркарска лига, НБА. Српскиот репрезентативец по шест сезони минати во редовите на ЦСКА Москва ја напушти Русија и Европа и потпиша договор со тимот на Лос Анџелес Клиперс.

– Уште од порано кажав дека за ЦСКА ќе дадам сè од себе за да ја одведам на врвот на Европа. Во тоа успеав и сега мојот нов предизвик ќе биде НБА лигата. Почувствував дека сега е вистинското време да се пробам во најсилната кошаркарска лига на светот и мислам дека сум потполно подготвен за надигрување. Среќен сум што токму Клиперси ќе биде мојот нов тим и сакам да им соопштам на навивачите дека ќе дадам сè од себе за да ја оправдам довербата која ми ја дадоа тука – изјави Теодосиќ.

Во Клиперски српскиот кошаркар пристигна како замена за Крис Пол, кој ова лето си замина од Лос Анџелес и ги засили редовите на Хјустон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top