| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот стадион е виновен за лошите резултати на Вест Хем?!

vest-hem

Хитот на минатата сезона покрај шампионот Лестер, екипата на Вест Хем освои само три бода во новата по одиграни шест кола. Со една победа со која ја прекина ужасната серија од пет порази во низа „чекичарите“ не играат на висина на задачата, а разочараноста во клубот расте сè повеќе.

Капитенот на тимот, Марк Нобл, го обвини стадионот за лошите резултати.

– Засега, ова е многу лошо. Тука нема што да се каже. Резултатите се разочарувачки, но морам да признаам дека преминувањето Олимпискиот стадион е многу тешко за нас. Навикнати сме на „Аптон Парк“ и чудно ни е да играме домашни натпревари на овој терен. Ни треба време да се навикнеме, но тоа не смее да ни биде изговор. Играме лошо и досега требаше да имаме многу повеќе бодови – вели Нобл.

Пред неколку денови официјално започна првата фаза од реновирањето на стадионот на Вест хем кој по шест одиграни кола се наоѓа на 17. место на табелата во Премиер лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top