| четврток, 6 декември 2018 |

Ристов:Висока политика е вмешана во криминалот со артефакти

jovan ristov

По најновиот случај на апсење на осомничени за криминал со вредни археолошки предмети, поранешниот директор на Заводот за заштита на културното наследство, Јован Ристов за Нова ТВ вели дека никој не се осмелува да го покрене прашањето за вмешаноста на високата политика во матни работи околу криминалот и оттуѓувањето на вредни артефакти од македонското вредно културно богатство.

„Не верувам дека вработените во државните институиции за заштита на културното наследство навистина се вмешани во овој криминал, но доколку тоа се докаже, тогаш овој случај добива сосема други димензии.“, вели Ристов.

Ристов, тврди дека само до 2004 година, во Македонија се украдени над 12 илијади вредни археолошки предмети.

Клучен проблем, според него, е што се уште нема идентификаија и евиденција на она со кое се располага во државата. Таквата документација би требало да ги содржи сите археолошки податоци.

За да се докаже вредноста н некој одреден артефакт, треба археолошките податоци (вид на предмет, каде е пронајден, димензии и сл.) да бидат уредно евидентирани во надлежните институции, во спротивно – немаме правна основа да се покрене меѓународна истрага преку Интерпол или Еуропол, како и барање за реституција на артефакти од други држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top