| четврток, 6 декември 2018 |

Бездомник со „танцувачки“ мустаќи заработува илјадници долари на Јутуб

Вистински хит е видеото кое прикажува еден бездомник со прилично посебен талент, а освен тоа што покажа фантастичен „танц со мустаќите“, тој прослави и една група на интернетски комичари.

А после само два месеци, тие одлучија да му се „оддолжат“ на човекот, кој успеа да насмее повеќе од милион луѓе ширум светот.Имено, трите момчиња кои стојат позади „YouTube“ каналот „Whatever“, само што завршиле со снимањето на едно свое видео кога го сретнале овој бездомник, кој на многу интересен начин може да „танцува со мустаќите“. Неговиот танц го снимиле и го објавиле на „YouTube“, каде што бил прегледан околу 1,9 милиони пати.

Нивниот канал во многу краток период собрал повеќе од 100 илјади „претплатници“, па тие одлучиле да започнат акција за да соберат 1000 долари за бездомникот. До крајот на месецот собрале 2.600 долари, додале уште 400 и одлучиле да го изненадат човекот со единствен талент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top