| четврток, 6 декември 2018 |

Утврден идентитетот на починатиот бездомник кај Зелено пазарче

Педесет годишниот скопјанец С.С. е лицето кое утринава беше пронајдено починато на клупите на Зелен пазар.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив го пријавил граѓанин околу 6:30 часот.

Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top