| четврток, 6 декември 2018 |

Додик: Не се плашам од апсење

Milorad-Dodik-015

­ Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека не се плаши од апсење поради одржување на референдумот. Тој додаде дека е задоволен што гласањето за Денот на Р.Српска помина без проблеми. ­

– Не сум задолжен да се плашам. Тоа повеќе е покритие за оние кои не успеаја да го запрат референдумот, истакна Додик за телевизија Н1 од студиото во Белград.

Претходно, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ изјави дека доколку Додик не се појави пред Обвинителството, можно е да издаде наредба за присилно приведување. ­

– Ако не се појави, а причината за непојавувањето биде неоправдана, се издава наредба за присилно приведување. Тука Законот за кривична постапка е многу јасен, никој нема право да не одговори на поканата од Судот или Обвинителството, изјави Мектиќ за ТВ1.

Тој додаде дека Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) е одговорна за евентуално присилно приведување. Обвинителството го повика Додик да сведочи во предметот што се однесува на неизвршување на Одлуката на Уставниот суд на БиХ поврзан со референдумот за Денот на РС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top