Еден човек се оддалечил од сопругата и не знаеч што да направи, па побарал совет од стручњак.
– Јас и мојата сопруга не сме воделе љубов откако се роди нашата најмлада ќерка пред шест години. За тоа делумно сум јас виновен. По породувањето сакав да и помогнам на сопругата околу симнувањето на вишокот килограми, но таа ги игнорираше моите совети. Почнав да го избегнувам сексот. Сфатив дека згрешив и се обидов да ги поправам работите во последните две години, но таа сега бега од мене – се пожалил еден маж.
На неговото писмо одговорила Памела Стивенсон Коноли, психотерапевт по сексуални односи.
– Мора да бидете трпеливи. Сопругата е повредена од вашиот пристап и сега и е потребно време да знае дека тоа веќе никогаш нема да се повтори. Мора да научите никогаш да не го користите сексот како оружје. Најдобро е да седнете и да разговарате со неа, искрено да се извиние и повторно да ја придобиете нејзината доверба – бил советот на Коноли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.