| четврток, 6 декември 2018 |

Платенички дебакл: Ни за пари нема кој да ја поддржи Катица (ФОТО)

Откако специјалната обвинителка Катица Јанева се изрезили и на МТВ во нарачаното интервју во режија на партиската уредничка Санта Аргирова и во собраниската сала на комисиската седница на која се разгледува шестмесечниот извештај за работата на СЈО, и целосно го закопа и личниот и кредибилитетот на институцијата што ја застапува, на СДСМ и на Сорос не им остана ништо друго освен повторно да ги активираат платениците. Преку изживување со граѓаните на Скопје облечени во „СЈО-маички“ тие треба да му го вратат на СЈО и на ликот Катица Јанева она што никогаш го немале – кредибилитет, углед, достоинство.

sarena-revolucija-5

Протестот беше агресивно најавен уште минатата недела, преку социјалните мрежи и соросоидните медиуми се агитираше за поголема излезност, се ангажираа автобуси, се увезоа поддржувачи од внетрешноста, а од масовноста ни „М“. Целосен платенички дебакл кој го парализаира градот во 17 часот и го собра гневот на граѓаните кои не живеат од парите на Сорос.

sarena-revolucija-3

Во текот на ноќта, хулиганите од платеничката револуција на СДСМ/Сорос го вандализирале Основниот суд Скопје 1 каде што на Заев треба да му се суди за случајот „Пуч“, а хулиганите треба да одговараат за милионските штети кои ги направија со нивното дивеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top