Македонската таеквондо репрезентација на првиот дена на 18. Балканско првенство во Дупница, Бугарија, освои 10 медали, при што Дејан Георгиевски и Филип Додевски станаа балкански шампиони. Ова е најголемиот успех на македонската таеквондо репрезентација.
Од 10 освоени медали 2 се златни, 1 сребрен и 7 бронзени.
Дејан Георгиевски до златниот медал стигна на импресивен начин добивајќи ги сите три борби со нокаут, Филип Додевски до златото стигна со четири победи.
Сребрени медали освоија Филип Стаменов и Марко Аврамовски со по две победи.
Со бронзени медали се закитија: Сара Раевска – 2 победи, Ива Сандева – 2 победи, Ања Русовска – 2 победи, Фросина Раевска – 1 победа, Ненад Мрцковски – 3 победи и Јована Јанковска – 2 победи.
По повод големиот успех на македонската таеквондо репрезентација на Балканското првенство, денес, со почеток во 12.00 часот во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Марјан Спасески организираше прием на репрезентативците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Златен медал за македонскиот претставник: Дејан Георгиевски стана европски шампион во таеквондо
-
Три златни медали за македонските каратисти на Балканскиот шампионат во Белград
-
Дејан Георгиевски и покрај незгодната повреда го освои бронзениот медал на Европското првенство во Софија
-
Неверојатно: Млад Босанец крши 111 плочи со глава (ВИДЕО)