| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Георгиевски и покрај незгодната повреда го освои бронзениот медал на Европското првенство во Софија

dejan taekvondo

Дејан Георгиевски го освои историскиот бронзен медал во таеквонодо за Македонија на Европското првенство за јуниори до 21 година (или помлади сениори) во Софија, Бугарија.

Георгиевски во категоријата над 87 килограми во првото коло го совлада Емре Атлеси од Турција со 14-6, а во вториот настап го совлада Гркот Панагиотис Тапеинос со 10-6. Во борбата за влез во финалето нашиот репрезентативец беше тесно поразен од Русинот Вадим Мелников 10-9.

033

– Дејан Георгиевски со скршеница на левата нога стана трет во европа до 21 година на Европско првенство во Софија, Бугарија. Ова официално е еден од најголемите спортски успеси на Македонија кога е во прасање олимписки спорт. Дејан по првата борба се здоби со сериозна повреда, а стручниот тим на таеквондо федерацијата истакнува дека да ги немаше овие проблеми, со сигурност ќе атакуваше кон златниот медал.

– Дејан е најдобриот македонски борец во олимписко таеквондо, но со сигурност тврдиме дека е еден од најдобрите во Европа. Тој веке сериозно почна да собира бодови за олимписка норма во Токио 2020 и силно ќе целиме кон таа цел, истакнуваат од Таеквондо федерацијата на Македонија.

unnamed

На Георгиевски синоќа му беше приреден и дочек во скопската Општина Бутел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top