| четврток, 6 декември 2018 |

Три златни медали за македонските каратисти на Балканскиот шампионат во Белград

kara

Македонската репрезентација во традиционално карате имаше успешен настап на Балканскиот шампионат, што се одржа во Белград освојувајќи три први места или вкупно 14 медали (3 златни, 4 сребрени, 7 бронзени).

Конкуренцијата на првенството беше силна, а се одржа во спортскиот центар „Шумице“ во Белград, од 12 до 14 мај. Шампионатот се одржа во повеќе возрасни категории: сениори, младинци, јуниори, кадети и деца.

Златните медали за Македонија ги освоија: Бојан Богдановиќ и Берта Милевска во дисциплината Енбу мажи и жени кај сениорите и во истата дисциплина кај децата Иван Трпковски и Катарина Дробниќ.

Првото место го освои и тимот во дисциплината кумите кај децата во женска конкуренција. На Балканскиот шампионат учествуваа 10 репрезентации: (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Романија, Турција и Бугарија).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top