| четврток, 6 декември 2018 |

Ја продава венчаницата за да ги плати трошоците за развод

Трошоците за развод во Велика Британија се високи, така што Саманта решила да ја продаде својата венчаница преку „и-беј“ за да може да ги плати парите. Саманта (28) се разведува бидејќи во бракот кој траел кратко сопругот ја изневерувал.

– Ако сакате венчаница полна со лоши спомени и уништени соништа, тогаш овој фустан е вистински избор за вас. Се надевам дека ќе ви донесе повеќе среќа отколку мене – напишала Саманта на „и-беј“.

61262026-vjencanica

Нејзините родители и ја купиле венчаницата во 2014 година по цена од 2.000 фунти, а таа ја дала на аукција за 500 фунти.

Благодарејќи на приказната моментно таа се продава за 65 илјади фунти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top