Контроверзниот фудбалски менаџер, Мино Раиола, откри уште еден интересен детал кој се случил додека траеле преговорите со раководните лица на Манчестер Јунајтед, околу трансферот на францускиот интернационалец, Пол Погба. Италијанецот со холандски пасош откри дека на неговата адреса, пристигнала заканувачка порака и од шведскиот интернационалец, Златан Ибрахимовиќ, кој претходно пристигна на “Олд Трафорд”, како прва летна аквизиција на англискиот премиерлигаш.
Раиола откри дека Ибракадабра му се заканил дека ќе му ги искршел двете нозе доколку 23-гоидшниот играч за врска, потпишел, за некој друг клуб, а тоа да не е Манчестер Јунајтед.
– Разговарав со Златан и тој ми кажа: “Немој Погба да направи трансфер во некој клуб, а тоа да не биде Манчестер Јунајтед. Ако тоа се случи, тогаш ќе ти ги скршам нозете, откри агентот на шведскиот и францускиот интернационалец.
На крајот, за да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, раководните лица на Манчестер Јунајтед мораа да одвојат рекордни 110 мил. евра, а Погба, во саботата, за време на дерби пресметката против актуелниот шампион на Англија, тимот на Лестер, го постигна првиот погодок во дресот на “црвените ѓаволи”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.